Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ го запалија традиционалниот василичарски оган на дното од Охридското Езеро со кој на граѓаните им ја честитаа Старата Нова година и претстојните празници Богојавленије Водици и Св. Јован крстител -денот на рибарите.
Кај музејот на вода кај Заливот на коските, на атрактивен и за нас препознатлив начин по трет пат под вода го запаливме традиционалниот василичарски оган со кој ја најавуваме Стара Нова година. На богатата трпеза беа испечените колбаси и квалитетно македонско вино, велат од нуркачкиот центар „Амфора“.
OhridNews











