Членовите од нуркачкиот клуб Bottom Time учествуваа во снимањето на филмот “Деца на сонцето” во режија на Антонио Митрически.

За првпат во македонската кинематографија, за потребите на филмот, беа снимани подводни сцени со актери, во кој покрај нуркачите, учестуваа режисерот заедно со директорот на фотографија Јарек Шода и неговиот тим од двајца полски сниматели.

Никола Паскали е главниот дублер на Владо Јовановски, додека Александар Булески и Климчо Ангелоски беа главна техничка поддршка на полските сниматели, кои ги направија подводните кадри.

OhridNews