Задовони сме што сме дел од овој Ф4 Куп на Македонија. Мислам дека секој има свои шанси. Нас ни се падна екипата на Пелистер во полуфинале, со кои сме играле неколку пати оваа година. Ако ни се пружи некоја шанса ќе сакаме да ја искористиме. Но, тие се сепак фаворити за освојување на Купот. Играме на домашен терен во Охрид и упатувам повик до сите охраѓани да дојдат и да уживаат, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Гоце Ојлески пред Ф4 Купот на Македонија.
OhridNews