Ни следи реванш натпреварот против Дукла. Првиот натпревар го добивме со девет голови разлика. Можеби на моменти имавме и повисока предност, меѓутоа ете еден мал пад во финишот на натпреварот. Ова е нов натпревар, треба да одиме во Дукла да одиграме еден квалитетен натпревар, да дадеме максимум. Се подготвуваме најдобро што можеме, да одиме и таму да победиме. Дукла Прага се покажа како борбена екипа и сигурно дека не очекува еден тежок натпревар. Мислам дека треба да одиме со ладни глави, да не размислуваме на гол разликата, да го покажаме квалитетот кој го имаме. И мислам ќе се пласираме во следна фаза, изјави капитенот на ГРК Охрид Гоце Ојлески.

OhridNews