Јоаким Лев ќе остане селектор и ќе ја предводи германската фудбалска репрезентација на Европското првенство ова лето, добивајќи целосна поддршка од водечките луѓе на Германската фудбалска федерација. Столчето на Лев се разниша после поразот од Македонија. „Црвено жолтите“ славеа со 2-1 во Дуисбург, во рамките од квалификациите за пласман на Мундијалот следната година.

Јасно е дека сите сме многу разочарани од поразот од Македонија, но тој пораз е само еден спортски момент кој ништо не менува во нашите планови. Јоаким Лев и неговиот тим направија добра анализа за тој натпреварот, и мислам дека се донесени вистинските заклучоци за успешен настап на Европското првенство, но и сигурен сум дека ќе се обезбеди учество на СП 2022 во Катар, – изјави првиот човек германска куќа на фудбалот, Фриц Келер.

Поразот од Македонија на домашен терен во квалификациите за СП беше прв после две децинии. Последен пат во Германија победи Англија, која на Олимпискиот стадион во Минхен славеше со 5-1.

Лев после ЕП заминува од селекторската позиција, на која дојде во 2006 година, после разделувањето со Јирген Клинсман.

OhridNews