По завршувањето на распишаниот Награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба по повод 8 Декември – Свети Климент Охридски – Патрон на градот, жири комисијата во состав: м-р Перчо Божиновски (претседател), проф. Светлана Велкоска (член), проф. Светлана Огненова (член), донесе одлука за избор на најдобрите литературни творби посветени на Свети Климент Охридски.

- Во I категорија за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение) поетска творба: „Животот и делото на Св. Климент Охридски” шифра: Светлина
- Во II категорија за учениции од предметна настава (од шесто до деветто одделение) поетска творба: „За учителот” шифра: Климентов Универзитет
- Во III категорија за ученици во средно образование (од прва до четврта година) поетска творба: „Климент Охридски – Патрон на градот Охрид” шифра: 1840
Се повикуваат добитниците на наградите да дојдат во Одделението за култура најдоцна до 6.12.2024 година (16.00 часот) и со себе да го понесат примерокот од творбата со која конкурирале за да го докажат своето авторство, велат од Општина Охрид.
OhridNews












