ЈП Охридски Комуналец објави распоред на депонирање на комунален отпад во стариот дел на градот.
Се известуваат сите жители на улиците „Цар Самоил“ и „Илинденска“ (во Варош) со цел одржување на степенот на јавна чистота во стариот дел на градот да се придржуваат кон распоредот на депонирање на комунален отпад во соодветно време, т.е. најдоцна до 07:30 часот пред своите домови. Улица „Цар Самоил“ во вторник и петок, односно улица „Илинденска“ во понеделник и четврток, велат од претпријатието.
OhridNews












