По вчерашната Воскресна Вечерна богослужба во Лешочкиот манастир, денеска со Света Божествена архиерејска литургија во тетовскиот соборен храм „Свети Кирил и Методиј“ продолжи процесот на прогласување на преподобниот Кирил Пејчиноновиќ за светител Кирил Лешочки.

Поглаварот на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) г.г Стефан во сослужение со архиереите на Светиот Архерејски Синод (САС) чиноначалствува со службата.

Пред олтарот во црквата е поставен кивот со моштите на новиот светител. До кивотот е поставена икона во која за прв пат како светител е изобразен лик на Кирил Лешочки, од зографот Кирил Златанов.

Г.Климент, епископ Хераклејски ја прочита одлуката на САС на МПЦ-ОА за вбројување на преподобниот Кирил Пејчиновиќ Лешочки во редовите на светите.

Тој истакна дека Светиот Архирејски Синод на МПЦ на вонредна седница 10 мај 2022 година разгледувајќи го предлогот за канонизација за канонизирање во светител во лицето на преподобниот игумен Кирил Пејчиновиќ Лешочки врз основа на Уставот на МПЦ внимателно проучувајќи го животниот пат и пастирскиот подвиг како и чудата што се случуваат по неговите молитиви и непрестано почитување од православниот народ ја донесе оваа одлука.

Светиот Архерејски Синод на МПЦ-ОА Преподбниот го вбројува во редот на светиите. Чесните останки на Светиот игумен Кирил Пејчиновиќ Лешочки, се свети мошти и се оддава достојно почитување, а датум за негова прослава Синодот го определува 25 март по нов стил. За новоканинизиранот светител е живописсана икона и е напишано Житие, Акатист, Утрена и Вечерна Богослужба, прочита г. Климент.

Кратко житие за Кирил Лешочки прочита презвитер Бобан Митевски, кој потсети дека светителот земниот живот го започна во Теарце во 1771 година од набожни родители и татко Пејчин.

Во Лешочкиот манастир го напиша делото Утешение Грешним имајќи ја на ум Пресветата Богородица, која ја сметаше за утеха на грешниците и затоа така го нарече делото. Неговите поуки беа за духовен препород, го учеше верниот народ како да се кае, како да пости, како да ги празнува празниците, како да се исповеда, како да се причестува со светите тајни Христови. Предупредуваше за духовната опасност од предизвикана од паганскиот обичај за жртвопринесување на телата на животните. Помагаше и се случуваа исцеленија од различни, се вели во дел од Житието кое го составил протоереј Александар Стојановски од тетовско-гостиварската епархија.

Тропар на преподобниот Кирил Пејчиновиќ изведе Хор на Бигорскиот манастир Свети Јован Крстител. Потоа верниците ќе имаат можност да пристапат, за време на литургијата и по неа, на поклонение до кивот каде ќе бидат изложени светите мошти на светителот и до неговата прва икона.

Првата икона со ликот на преподобен Кирил Лешочки е изработена од зографот Кирил Златанов од Скопје.

Кирил Пејчиновиќ е роден во тетовското село Теарце во 1771 година. Првите почетоци од неговото образование биле во селото Лешок, а потоа во дебарскиот манастир „Свети Јован Бигорски”. Откако татко му го продал имотот во Теарце, задено со Кирил отишле во Света Гора каде што се замонашиле. По извесно време Кирил се вратил во Тетово, а оттаму во кичевскиот манастир „Света Богородица Пречиста“.

Во 1801 година станал игумен на Марковиот манастир во близина на Скопје. Тој го обновил оштетениот манастир и собирал стари текстови со што ја збогатил манастирската библиотека. Отворил манастирско училиште, а тука ја напишал и својата прва книга „Огледало“, печатена во Будим 1816 година.

Во Марков манастир Пејчиновиќ живеел дваесетина години, по што се вратил во родното Теарце. Го обновил Лешочкиот манастир со помош на верниците и отворил училиште во кое го подучувал локалното население.

Кирил Пејчиновиќ се упокоил на 12 март 1845 година во Лешочкиот манастир и е погребан во црковниот двор.

Големиот македонски просветител, народен учител и игумен на Лешочкиот манастир, освен „Огледало“, ги напишал и делата: „Утешение грешним“, „Житие кнеза Лазара“, како и „Епитафот“ кој е врежан на неговата надгробна плоча.

OhridNews
Фото: Миа