Американскиот претседател Барак Обама изјави дека САД се подготвени да преземат воена акција против Сирија со одобрение од Конгресот, како одговор на наводниот хемиски напад во близината на Дамаск од 21-август.

Обама потеницра дека операцијата ќе биде со ограничено траење, без употреба на копнени сили.

Решив дека САД треба да преземат воена акција против цели на сирискиот режим. Ќе го казниме Асад за употребата на хемиско оружје, и ќе ги намалиме неговите можности пак да го стори ова. Нашата армија има капацитети во регионот, а началникот на Генералштабот вели дека можеме да нападнеме кога ќе решиме.“ – потенцира Обама.

Инау, воениот удар врз Сирија би бил одговор на наводниот напад со хемиско оружје кое сирискиот претседател го извршил врз сопствениот народ.

OhridNews