Белата куќа вчера ги објави деталите од новата иницијатива за проучување на човековиот мозок чијашто цел е да се пронајде начин за лечењето на Алцхајмеровата болест и други пореметувања, пренесува „Макфакс“.

Иницијативата е наречена BRAIN (Brain Research through Advancing Innovative Neurotechnologies), односно Истражување на мозокот преку унапредување на иновативните невротехнологии. Оваа програма ќе виде финансирана со стотици милиони долари од фискалниот буџет за 2014 година на американскиот претседател Барак Обама, кој треба идната седмица да го објави Белата куќа.

„Иницијативата BRAIN ќе го забрза развојот и примената на новите технологии коишто ќе им овозможат на истражувачите да направат динамички слики на мозокот кои ќе покажат интеракции на поединечните клетки на мозокот и сложените неврални кругови, при брзината на мислите“, се наведува во соопштението на Белата куќа коешто го цитира Reuters.

„Овие технологии ќе отворат нова порта за истражувањето на начинот на кој мозокот ги бележи, обработува, употребува, складира и повлекува големите количества информации, а ќе фрли и нова светлина  на комплексните врски меѓу мозочната функција и однесувањето“, се додава во соопштението.

OhridNews
извор:„Макфакс“