Општина Охрид заедно со Црвен крст Охрид, на семејството чија куќа вчера беше опожарена првично им обезбеди прехрамбени производи, средства за хигиена и лекови, информираше градоначалникот Кирил Пецаков.

Дополнително работиме на изнаоѓање начин семејството да го сместиме во привремено живеалиште се до обезбедување на услови за нормално фунцкионирање во нивниот дом, вели Пецаков.

Во вчерашниот пожарот што зафати куќата на ул. „Петар Поп Арсов“, немаше повредени лица, а изгорен е голем дел од куќата. Како што претходно информиравме, станува збор за стара градба на куќа на еден кат на кој имало четири соби. Во куќата, пожарникарите затекнале голема количина на отпад, поради што и бил отежнат пристапот на екипите.

Причините за пожарот се уште не се познати и дополнително ќе се утврдуваат.

OhridNews