Марта Пејоска е дипломиран архитект, но професионално работи над 10 години како изработувач на накит, матична техника (занает) филигранска, која ја владее од 2005год.
Во 2014та година ја отвора својата галерија за современ накит и филигран „Ателје Марта Пејоска“ прва и сè уште единствена како таква.
Овој уникатен занает кој во последните години повторно стана модерен и луѓето се навраќаат на него, виден низ рацете на Марта и нејзината призма е специјално како што секое едно парче има своја душа и своја приказна.
Покрај овој занает и нејзината професија, Марта е вљубеник во Езерото, водата, едрењето, планината, волонтирањето и меѓу сите тие работи наоѓа синергија која ја преточува во својот секојдневен живот и својата професија, бидејќи тоа е нејзината храна со чија помош си ја гради сопствената приказна.

Обични херои Е05: Марта Пејоска
OhridNews












