Поранешниот градоначалник на Охрид Александар Петрески во СВР Охрид денеска пријавил обид за физички напад врз него. Инцидентот според пријавата се случил претпладнето.

-Во СВР Охрид денеска пристигна пријава за загрозување на безбедностa. Полицијата постапи по истата, случајот се документира, повикани се на разговор повеќе лица и се работи на целосно расчистување на случајот.-изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Екс градоначалникот Петрески во изјава за OhridNews го потврди инцидентот, притоа посочувајќи дека за деталите од истиот ги запознал истражните органи. Тој истакна дека имало обид за физички напад врз него, но дека тој е добар и минал без посериозни последици.

-Се што се случи е пријавено во полицијата, но јас сум изненаден што пред овластените служби да изнесат детали за случајот, истиот медиусмки е експониран. Притоа искажани се невистини за споменатиот настан поради што јас сум приморан да го заштитам својот углед. На суд тие што ги изнесоа ваквите ставови ќе треба да докажат од каде им се тие информации и да ја потврдат нивната веродостојност. – изјави Петрески.

OhridNews