Непознати сторители се обиделе да извршат кражба во подружница на Македонски пошти која се наоѓа на улицата „Марко Цепенков“, во близина на Општата болница во Охрид.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, обиена и искршена била влезната врата на објектот од каде сторителот или сторителите влегле во подружницата.

Според првичните сознанија, извршено било пребарување на просториите, но засега нема сознанија за одземени предмети.

OhridNews