При контрола на стока наменета за увозник од Охрид, на царинската испостава Штип, при контрола на стока пријавена за увозно царинење, од страна на царинските службеници пронајдени биле 149,20 килограми плотер хартија и 32,70 килограми кутии и капаци од картон, кои не биле опфатени со увозна царинска декларација.

Во текот на минатата недела и викендот на царинската испостава Штип во товарно возило биле откриени и заштитни маски, лагери, ракавици кои исто така не биле опфатени со увозната декларација.

OhridNews