При контрола на турски автобус, што сообраќал на релација Истанбул–Скопје–Струга, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица, од страна на царинските службеници бил откриен еден гасен пиштол, четири гасни цилиндри (полнења) и 120 метални дијаболи.
Непријавениот пиштол и муницијата се пронајдени во патна торба, сопственост на македонски државјанин кој патувал со автобусот. Истите се привремено задржани, а против патникот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.
OhridNews