Ноќеска, неколку минути по полноќ, во струшкото село Велешта извршено е убиство во обид врз 36- годишен жител.

Настанот се случил кога лицето со својот автомобил се враќало дома. Откако се паркирало покрај својот дом, забележало дека на неколку метри од куќата има паркирано возило Ровер од кое набргу излегле две непознати лица, од кои едното веднаш испукало повеќе куршуми, по што и двајцата го напуштиле местото, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Повредениот бил пренесен во струшката болница каде биле констатирани повеќе огнено стрелни рани , по што врз него била извршена хируршка интервенција која траела неколку часови. Повредениот во моментов се наоѓа во стабилна состојба .

На лице место извршен е увид, при што се подигнати повеќе предмети меѓу кои осум чаури, еден проектил и дел од проектил. Се работи на расчистување на случајот.      

OhridNews