Вчера, околу 22.30 часот во црквата „Св. Никола“ во струшкото село Радожда, од страна на непознат сторител со подесен предмет најпрво било скршено стаклото од прозорците на западниот дел од трпезаријата, по што сторителот на кражбата влегол во просторијата за продавање на свеќи и извршил пребарување на металниот сеф кој не бил заклучен. Откако не одзел ништо, го зел металното кутивче во кое имало метални пари во разни монети и го оставил во дворот од црквата.

Во истиот период извршена е кражба во обид и во црквата „Св.Петка“ во истото село. Непознат сторител влегол во црквата низ незаклучената врата, по што со подесен предмет насилно ја отворил дрвената каса, но не одзел ништо.

Непознат сторител, во истиот период, влегол и во просторија од црквата „ Св.Недела“, која била наменета за палење на свеќи, при што се обидел да одземе пари од металната каса која била незаклучена, но за среќа таа била празна.

Увид на лице место извршила увидна екипа од НККР-Струга. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот-ите.

OhridNews