Продолжува деструктивното однесување на поединци и оштетување на инфраструктурните добра кои треба да им служат на сите граѓани. Синоќа се обиени автоматите за влез во двата јавни тоалети кои се поставени во стариот дел од градот кај Горна Порта.
Полицијата е информирана за вандалскиот чин и случајот е пријавен веднаш од страна на Ј.П.„Охридски Комуналец“.
Јавните тоалети ќе бидат надвор од употреба се` додека не се санира штетата.
OhridNews













