Во периодот од 22 часот синоќа до 11 часот утрово, непознати лица ги обиле просториите на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Охрид. Како што информира претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Кирил Пецаков, освен скршените два надворешни прозори преку кои влегле лицата, нема оштетувања на инвентарот во комитетот. Извршен е и обид за влегување во останатите простории, но завршил неуспешно поради тоа што просториите биле заклучени.

Увид извршила полицијата која ги разгледала и снимките од видео надзорот, кои се очекува да помогнат во разрешување на случајот.

– Се надевам дека полицијата ќе го истражи случајот и ќе ги изведе пред лицето на правдата оние кои го сториле делото. Може да има поврзаност и со денешните случаи и протестот за поддршка на приведените, вели Пецаков.

Ова  е втор случај на обивање на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Охрид. Првиот случај сеуште не е разрешен.

OhridNews