Обилни врнежи од снег ја зафатија земјава во текот на ноќта. Голем број локални патишта во тетовско, гостиварско, струшко, кичевско, како и во источна Македонија се непроодни, а повеќе села отсечени од светот. Отежнато се одвива патниот и железничкиот сообраќај, а авионите се пренасочуваат на аеродромите во соседството.

Врнежите од снег ќе продолжат и денеска со несмален интензитет, а на места висината на снежната покривка ќе се зголеми, за повеќе од 30см, информираат од УХМР. Ќе дува умерен повремено и силен ветер од северен и североисточен правец и ќе има појава на голомразица и снежни наноси.

Во Охрид денеска ќе преовладува облачно време со врнежи од снег и температура до -4 степени Целзиусови.


Слично време ќе преовладува и во среда кога максималната дневна температура ќе биде под нулата. Во четврток врнежите ќе престанат но минималната температура ќе падне и до -20 степени на места. Екстремно ниски температурти ќе има и во петок, кога исто така дневната температура ќе биде под нулата.

OhridNews