Обилни врнежи од дожд кои во текот навчерашниот ден го зафатија Охрид, за кратко време ги преплавија градските коловози.
Граѓаните по навика, се мачат да ги поминат улиците, а проблемот со атмосферските води кој долго време се провлекува, се уште не е решен.
Спроед прогнозите, денеска не очекува променливо облачно време, со слаба магла по котлините.
Како што информираат од УХМР, во текот на денот ќе дува слаб до умерен северен ветер, а максималната дневна температура во Охрид ќе достигне 8 степени целзиусови.
OhridNews