
Според Јавниот оглас кој го објави Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој барања ќе може да се доставуваат за следните мерки: Мерка 321 – Подобрување на квалитетот на живот во рурална средина; Мерка 322 – Обнова и развој на селата и Мерка 323 – Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја
Финансиската поддршка за овој Јавен повик се исплаќа по принцип на финасирање на завршени инвестиции од страна на корисникот во висина од 100 % од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестицијата.
Крајниот рок за поднесување на барањата е 15-ти јуни 2015 година, а подетални информации можат да се добијат на веб страницата www.ipardpa.gov.mk или во Секторот ТЛЕР Канцеларија за административни работи и стручна поддршка на развојот на земјоделието при општина Охрид.
OhridNews












