Иницијатива за доделување на наградата може да поднесат граѓани, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани. Подносителите во образложението за иницијативата треба да наведат прецизни биографски податоци, информации за остварените резултати во областа во којашто е постигнато остварувањето и други податоци што се смета дека ќе придонесат во оценувањето.
Наградените поединци и членовите на групата творци или екипа добиваат диплома и парична награда, а на наградените установа, трговско друштво или здружение на граѓани им се доделува диплома и плакета.
Со државната награда се оддава признание за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Република Македонија.
Конкурсот ќе трае до 30 април.