Вчера Министерството за образование и наука објави конкурс за ситепндирање на одличните редовните студенти запишани на додопломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети од општествените, медицинските, техничките и информативните науки, како и студентите од социјално загрозените семејства.

Во првата група се 1.500 стипендии во износ од 3.000 денари, за студенти од социјалните категории.

Во втората група се предвидени 630 стипендии од 4000 денари, од кои 590 стипендии за студентите на државните и 40 стипендии за студентите од приватните универзитети и високо-образовни институции од техничките и медицинските факултети со постигнат просек од 8.5. Исто така, за овие стипендии можат да аплицираат и студентите од општествените и уметничките факултети но нивниот просек треба да биде 9.

125 стипендии во износ од 5.500 денари се предвидени за студентите по информатика, од кои 105 за оние кои се образоваат на државните и 20 за оние кои студираат на приватните универзитети кои имаат просек 9.

Во третата група се предивени 650 стипендии од 3000 денари, од кои 620 за студентите од државните и 30 од приватните универзитети запишани на студиски програми од научните подрачја на придоно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките или медицинските науки кои имаат просек 7.

Стипендиите се доделуваат за девет месеци во текот на студиската година, а право на стипендија имаат студентите запишани на додипломски студии од прв циклус кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи. Студентите треба да се редовни, да не повторувале година во текот на студирањето, да не се корисници на стипендија од други установи, институции или компании и студентите од II-та студиска година да не се постари од 22 години.

Студентите можат да ја пополнат  електронската пријава на www.konkursi.mon.gov.mk до 22-ри декември, додека документите наведени во конкурсот да ги достават до ресорното министерство од 23-ти декември до 16-ти јануари идната година.

OhridNews