
Со наградата се оддава највисоко признание за животно дело, односно
долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од
општествениот живот од особено значење за Општината, што претставуваат
посебен придонес за развој на Општината и за нејзиниот севкупен напредок
и афирмација во Република Македонија и светот.
Право на учество на конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани. Во пријавата треба да достават кратка биографија и да образложат за какви остварувања конкурираат.
Конкурсот трае 15 дена сметано од денот на објавувањето.
Наградите традиционално ќе бидат доделени на празникот „Св.Климент Охридски“ – патронот и заштитник на Охрид.












