Министерството за култура денес го објави јавниот конкурс за избор на директор на Националната установа – фестивал “ Охридско лето” .
Како што е наведено од страна на надлежното министерство, заинтересираните кандидати меѓу другото, потребно е да достават и своја програма за развој и работа на установата, како стратегија за наредниот четири годишен период.
Конкурсот трае 15 дена по што ќе се носи одлуката кој ќе биде новиот директор на оваа реномирана културна манифестација.












