Oбјавен e Конкурсoт за учество на КАНЕО-ФЕСТ 2012, кој годинава ќе се одржи по единаесетти пат.

Досегашниот директор на КАНЕО-ФЕСТ Вили Котоски, организацијата и ја препушти на Морис Телевизија од Охрид, а за извршен директор е назначен Јован Трпески. Организаторите сметаат дека тоа ќе придонесе за зајакнување на фестивалот, пре се поради можностите за вршење  директен пренос и продукциска обработка на снимениот материјал.

Новиот извршен директор најави дека КАНЕО-ФЕСТ ќе ја задржи традицијата на претставување нови имиња од областа на забавната музика.

Мелодиите кои ќе бидат испратени на конкурсот треба за прв пат да бидат изведени на Фестивалот, да не содржат навредлив текст и да не бидат подолги од 4 минути. Фестивалот, според најавите, ќе се одржи последниот викенд од јуни, а заинтересираните треба да достават мастер снимка од мелодијата до организаторот најдоцна до крајот на мај 2012 година.

OhridNews