Министерството за образование информира дека започна натпреварот за најдобар напишан есеј, на кој може да учествуваат учениците од седмо и осмо одделение и од прва до четврта година средно училиште.

Есејот треба да биде составен од 350-500 зборови што ќе одговорат на прашањата: кои се предностите на зборување странски јазик? Кои се предностите на разбирање и зборување други јазици? Дали познавањето повеќе од еден јазик ви помогнало да постигнете нешто? Дали имате соништа за чие остварување ви е потребно да зборувате повеќе јазици?

Од надлежното министерство потенцираат дека сите плагијати ќе бидат дисквалификувани.

Есеите треба да се достават најдоцна до 31 јануари 2014 година на www.facebook.com/MacedoniaEssayContest. Задоцнетите есеи нема да бидат прифатени.

Секој што ќе поднесе есеј ќе добие сертификат за учество на натпреварот. Регионалните победници ќе добијат дипломи, а националните победници ќе учествуваат на церемонија за доделување награди. Победниците ќе бидат објавени во февруари 2014.

OhridNews