Петстотини невработени лица кои имаат завршено средно или високо образование од денесека имаат можност да аплицираат за мерката практиканство во приватни компании.
– Преку мерката практиканство младите невработени можат да се стекнат со практично искуство во работни услови во приватните компании во период од 3 до 6 месеци. Огласот се објавува за 500 невработени лица, а може да аплицираат сите заинтересирани компании, истакна заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
Информира дека досега преку практиканство се ангажирани над 2.500 млади лица од кои 1.315 се вработени.
– Ги повикувам невработените лица да ја искористат мерката и да аплицираат, но да аплицираат и приватните компании кои преку неа ќе можат полесно да најдат заинтересирани лица, рече Спасов.
Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски исткна дека компаниите се слободни да можат да изберат лица кои тие сакаат, кои можат да бидат и во завршни години на факултет и да го земат на практична работа, со тоа што, како што рече, треба да појдат во АВРМ и да го пријават договорот кој го склучуваат со практикантите.
OhridNews