
Средствата се предвидени за основање и функционирање на земјоделски задруги регистрирани во Регистар на земјоделски задруги при МЗШВ, организирање на информативни и промотивни активности за земјоделски производи, помош за премии за осигурување во вид на надоместок на дел од трошоците за осигурување и тоа во висина која нема да надминува 70% од трошокот за осигурување на производните капацитети на земјоделска задруга од мал обем и 80% за осигурување на производните капацитети на земјоделска задруга од голем обем, но не повеќе од 3.000.000 денари на годишно ниво и за инвестиции за набавка на земјоделска механизација во висина од 90% од вкупната вредност на набавката.
Финансиската поддршка за функционирање на земјоделски задруги се исплаќа квартално, а за организирање на информативни и промотивни активности за земјоделски производи се доделува во износ од 100% од вкупно прифатливите трошоци за спроведување на предвидените активности во програма за работа на земјоделската задруга и може, по барање на корисникот, да се додели на две рати.
Доделената финансиска поддршка е неповратна.
Право на користење на средства имаат земјоделски задруги регистрирани во Регистарот на земјоделски задруги при Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство согласно со Законот за земјоделски задруги.
Крајниот рок за доставување на барањата е 18-ти мај 2015 година.
OhridNews












