
Како што денеска соопшти МЈО, идните потенцијални професионални војници за да станат дел од АРМ ќе треба да ги исполнуваат општите и посебните услови наведени во јавниот оглас.
-Министерството за одбрана упатува повик до сите граѓани не постари од 25 години до денот на завршување на огласот, кои сакаат да придонесат за безбедноста и заштитата на територијален интегритет и суверенитет на Република Македонија да ја искористат можноста и да бидат дел од Армијата на Република Македонија, се наведува во соопштението од МО.
Во соопштението се потсетува дека неодамна во редовите на АРМ беа примени 125 професионални војници, а со завршувањето на оваа фаза на прием која започна деновиве, ќе се заокружи и најавениот процес за прием на 250 професионални војници во служба на Армијата на Република Македонија.
OhridNews











