Секторот за туризам и ЛЕР и Канцеларијата за стручна поддршка на развојот на земјоделството на Општина Охрид, ги информира заинтересираните  правни и физички лица дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој  објави  јавен повик за доставување барања за користење финансиски средства од Петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија ИПАРД програмата  2007-2013 за следните мерки: Мерка 101 – Инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската Унија, Мерка 103 – Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување стандардите на Европската Унија и Мерка 302 – Диверзификација и развој на руралните економски активности.

Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно Повеќегодишната Финансиска Спогодба 2007-2011 и 25% средства обезбедени од Буџетот на Република Македонија.

Целта на ИПАРД програмата 2007-2013 е преку соодветни мерки за поддршка на земјоделството и руралниот развој да се подобри конкурентноста на земјоделското производство и земјоделско-прехрамбениот сектор, преку нивно усогласување со стандардите на Европската Унија и постигнување одржлива животна средина и социо-економски развој на руралните средини преку  поттикнување на економската активност и зголемување на можностите за вработување.

Крајниот рок за поднесување на барањата е 10 декември 2014 година.

OhridNews