
Повикот се однесува на следните категории Однос кон вработените; Етичко управување; Односи на пазарот со снабдувачите, потрошувачите или купувачите; Однос кон животната средина и Вложување во заедницата
Право на учество во изборот имаат сите претпријатија регистрирани во Република Македонија. Едно претпријатие може да аплицира само со еден проект во една категорија, а може да учествува со повеќе проекти доколку се во различни категории. Големината на инвестицијата во одредена практика, не е одлучувачки фактор, туку идејата, квалитетот на проектот, како и постигнатите резултати.
Националната награда и оваа година е помогната од проектот „Општествена одговорност за сите“, кој е кофинансиран од Европската унија и во Македонија го спроведува Бизнис Конфедерација на Македонија.
Јавниот повик за апликации трае до 15-ти август 2016 година, а информативно-едукативната средба за заинтересираните компании ќе се одржи на 6-ти јули 2016 година, во ЕУ Инфо Центарот во Скопје, со почеток во 13 часот.
OhridNews











