Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој информира дека денеска е објавен Јавен повик за доставување барања за користење средства од Програмата за финансиска поддршка во рибарстовото и аквакултурата за 2014 година за Мерка 2 Финансиска поддршка во аквакултурата.

Јавниот повик се однесува за финансиска поддршка за порибителен материјал од домашно производство за чување матици и набавка на порибителен материјал од видовите охридска, речна и виножитна пастрмка, поточна златовчица, крап, амур, толстолобик и сом, за произведена и продадена риба на пазарот за произведена риба во 2013 годиина и продадена најдоцна до 31 ноември 2014 година.

-Финансиската поддршка се исплаќа во висина од 600 денари по матица за не повеќе од 700 броја селектирани и обележани полово зрели матици по одделен вид риба за видовите охридска, речна и виножитна пастрмка и поточна златовчица, за не повеќе од 300 броја од видот крап и за не повеќе од 50 броја од видовите амур, сом и толстолобик. За купен подмладок финансиската поддршка се исплаќа по принцип 40 проценти од просечната пазарна цена на набавениот подмладок, пишува во Јавниот повик.

Во него се појаснува дека некои од средствата се исплаќаат скалесто и тоа за произведена риба во рибник со проектиран капацитет до 25. 000 килограми – 100 проценти од 20 денари, за произведена риба во рибник со проектиран капацитет од 25.000 до 50.000 килограми – 75 проценти од 20 денари, за произведена риба во рибник со проектиран капацитет од 50.000 до 100.000 килограми – 50 проценти од 20 денари и за произведена риба во рибник со проектиран капацитет со над 100.000 килограми производство 25 проценти од 20 денари.

Висината на вредноста на поддршката за килограм произведена и продадена риба од автохтоните видови риба – речна пастрмка и охридска пастрмка ќе изнесува 20 денари по килограм, а за видовите виножитна пастрмка, поточна златовчица, крап амур, сом и толстолобик 10 денари по килограм.

Крајниот рок за доставување на барањата за користење на средства и барањата за исплата е 10-ти ноември 2014 година.

OhridNews