Љубителите на научната фантастика веќе можат да го погледнат првиот трејлер за продолжението на „Independence Day – Resurgence has arrived “. Во филмот повторно се појавуваат Џеф Голдблум и Бил Пулман, засега без Вил Смит кој ја толкуваше една од главните улоги во првиот дел.

Дејството на филмот е 20 години по неуспешната инвазија на вонземјаните на Земјата. Сега тие се враќаат со целата своја флота. Иако земјаните две децении развиваат технологија за одбрана од вонземски напад, можеби тоа нема да биде доволно да се спаси планетата…

Продолжението на „Independence Day“ се очекува во кино салите на 24 јуни 2016 година.

OhridNews