Во издание на Здружението за наука и култура „НОВА“ од Битола, со финансиска поддршка од Министерството за култура, излезе од печат најновата книга „Од исток кон запад“, со хаику поезија од охридскиот поет Пере Ристески.

Книгата содржи 50 слики/песни во кои Ристески со неговиот поетски фотоапарат функционира како фотоапликација за паметен телефон кој е во состојба една фотографија истовремено да ја објави во повеќе различни тонови – во живи бои, во бледи бои, поцрвенета, посинета, пожолтена, сепија, црно-бела итн.

Покрај хаику, Ристески пишува и танка и сиџо поезија објавувана во реномирани списанија во Европа и светот. Член е на Хаику друштвото од Србија, Друштвото на писатели Григор Прличев од Австралија, Обединетата хаику и танка заедница од САД, Светската хаику асоцијација од Јапонија и Европската хаику заедница од Италија.

OhridNews