” Есеи шише во море, книга втора” е насловот на вчера објавеното најново дело на Славе Ѓорго Димоски, кое содржи теми поврзани со македонската литература и култура.

Книгата содржи 50- на есеи и осум раскази кои авторот ги пишувал пред 20 или 30 години, наградувани на бројни литературни конкурси. Најстариот текст објавен во книгата датира од 1979 година, додека пак најновиот од годинава.

Првиот дел од книгата содржи есеи за Григор Прличев. Во вториот дел се есеи за истакнати македонски литературни творци, меѓу кои Јордан Плевнеш, Сергеј Андреевски, Наум Целакоски. Во третиот дел од книгата се претставени осумте раскази и четвртиот дел ги содржи кратките есеи на различни теми од областа на македонскиот културно- политички живот.

Издавањето на книгата е подржано од министерството за култура.

OhridNews