Реномираната светска агенција Ројтерс, ја повлече фотографијата бидејќи се’ уште не била потврдена нејзнината автентичност.
Светските медиуми нагаѓаат за причините за повлекување на фотографијата на мртвиот Осама бин Ладен, а се појавија и написи дека се работи за стара, веќе објавувана фотографија. Некои наведуваат дека бин Ладен е мртов од 13 декември, а дека денешната фотографија е стара монтажа објавена минатата година, на блог.
Се појавија и снимки кои ја разработуваат фотомонтажата објавена на фотографиите на мртвиот бин Ладен.
Тој е убиен во акција на американските сили, а на местото беше и пакистанската разузнавачка служба која соопшти дека бин Ладен пружал отпор и дека бил застрелан во глава.
Властите на САД моментално вршат ДНК тестирање за да потврдат дека навистина се работи за Осама бин Ладен, а како што јавува Ројтерс ќе се користи и техника на препознање на лицето. Резултатите на ДНК анализите ќе бидат познати за неколку дена.
извор:„Макфакс