Јубилејниот педесетти Балкански фестивал на народни песни и игри, свечено ќе биде отворен на 6-ти јули со настап на култниот македонски ансамбл „Танец“, пропратен од ансамблите „Коло“ од Белград, Србија и „Филип Кутев“ од Софија, Бугарија.

Годинава на фестивалот ќе настапат десет ансамбли и фолклорни групи од Македонија, Бугарија, Србија, Косово, Црна Гора, Романија, Хрватска, Словачка и од Турција.

Свеченото затворање ќе биде на 11-ти јули.

OhridNews