Видео снимка направена од воен хеликоптер „Апачи“ на која е прикажан масакр врв цивили и новинари во Ирак е прикажана во јавноста. На тајната снимка е прикажана акцијата на американската војска изведена на 12 јули 2007 година кога по грешка беа убиени десетина цивили, меѓу кои беше и форографот на „Ројтерс“ Намир Нур – Алдин (22). Откако помислиле дека фотоапарите и другата новинарска опрема која ја носеле цивилите се автоматски пушки американските војници побарала и добиле дозвола за дејствување, а  на снимката јасно може да се чуе како тие меѓусебно си делат комплименти за успешно извршената акција. Предупредуваме дека видео материјалот содржи сцени на насилство кои не се погодни за малолетната публика.


OhridNews