Општина Охрид на својата интернет страна ги објави имињата на добитниците на бесплатни курсеви по англиски, германски јазик и информатика за невработени лица и студенти од Општина Охрид, кои се пријавија на огласот распишан од страна на градоначалникот Никола Бакрачески.

Добитниците на бесплатните курсеви се повикуваат во рок од три работни дена, почнувајќи од утре (петок) 12.12.2014 год., да дојдат во просториите на Одделението за образование при општина Охрид, за да  потпишат договор.

OhridNews