Општина Охрид изврши објава на нови две барања за добивање на Б интегрирана еколошка дозвола. Инсталациите ТЦГ „Леарница“ – Охрид и бетонската база „Лавче“ од Косел до одделението за урбанизам и заштита на животната средина поднесоа барање за добивање дозвола за усогласување со оперативен план. Објавите и апликациите на двете инсталации за пошироката јавност се достапни на веб страницата на општина Охрид.
Во иднина сите инсталации на територијата на Охрид кои подлежат на Б интегрирана еколошка дозвола, ќе бидат строго контролирани од еколошката инспекција. Таа ќе го надгледува спроведувањето на оперативниот план со кој ќе бидат задолжени инсталациите при издавањето на дозволата, а кој има за цел намалување на емисиите на штетни материи во сите медиуми на животната средина.












