
Освен овој конкурс деновиве беше распишан и конкурс за доделување на државната награда „Мајка Тереза” за 2014 година. Со оваа награда се оддава признание за остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.
И двете државни награди може да се доделат на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани, а согласно условите од конкурсот може да бидат доделни и на странски државјани.
Конкурсите за двете награди се отворени до 30-ти април 2014 година, а повеќе информации може да се најдат на веб страницата на Министерството за култура на Република Македонија.
OhridNews











