На полноќ заврши рокот за доставување на кандидатски листи за предвремените парламентарни избори закажани за 11-ти декември. Политичките партии и коалиции ги објавија носителите и листите за шесте изборни единици.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги објави пратеничките листи доцна ноќта во петокот и ги предаде во ДИК, со што сите учесници на изборите ја исполнија обврската во предвидениот рок.

Каком штопренесува „Макфакс“, според познатите листи, претседателите на владејачката и на опозицската албански партии, односно Али Ахмети на ДУИ и Мендух Тачи на ДПА ќе се соочат на во шестата изборна во шетката, додека на најголемата влдејачка партија ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, како што пртходно објави, ќе се соочи со челникот на најголемата опозициска партија СДСМ, Зоран Заев во четвортата изборна единица, а таму ќе во трката ќе им се приклучи и поранешниот премиер, лидер на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски.

Изборна единица 1
Коалиција за подобра Македонија – Никола Попоски, СДСМ – Стево Пендаровски, Коалиција за промени и правда – Павле Трајанов, Коалиција „ВМРО за Македонија“ – Ден Дончев, Либерална партија – Ивон Величковски,
Левица – Димитар Апасиев, ДУИ – Артан Груби, ДПА – Идриз Орана, НДП и Беса – Зеќирија Ибрахими

Изборна единица 2
Коалиција за подобра Македонија – Никола Тодоров, СДСМ – Оливер Спасовски, Коалиција за промени и правда – Јове Кекеновски, Коалиција „ВМРО за Македонија“ – Љупчо Балковски, Либерална партија – Кире Бузлиев, Левица – Трајче Стојанов, ДУИ – Ејуп Халими, ДПА – Орхан Ибраими, НДП и Беса – Африм Гаши

Изборна единица 3
Коалиција за подобра Македонија – Илија Димовски, СДСМ – Љупчо Николовски, Коалиција за промени и правда – Весна Стојменовска, Коалиција „ВМРО за Македонија“ – Стојанче Ангелов, Либерална партија – Данчо Марковски,
Левица – Марија Џонс, ДУИ – Нафи Дурмиши, ДПА – Самир Рушити, НДП и Беса – /

Изборна единица 4
Коалиција за подобра Македонија – Никола Груевски, СДСМ – Зоран Заев, Коалиција за промени и правда – Слободан Богоевски, Коалиција „ВМРО за Македонија“ – Љубчо Георгиевски, Либерална партија – Даница Јованова, Левица – Митко Николов, ДУИ – Артин Спахиу, ДПА – /, НДП и Беса – /

Изборна единица 5
Коалиција за подобра Македонија – Антонио Милошоски, СДСМ – Радмила Шекеринска, Коалиција за промени и правда – Александар Делов, Коалиција „ВМРО за Македонија“ – Љубе Бошкоски, Либерална партија – Кице Мицковски, Левица – Здравко Савески, ДУИ – Агим Шаќири, ДПА – Адријан Усеини, НДП и Беса – Арбен Лабеништи

Изборна единица 6
Коалиција за подобра Македонија – Влатко Ѓорчев, СДСМ – Петре Шилегов, Коалиција за промени и правда –,
Коалиција „ВМРО за Македонија“ – предлог на Достоинство, Либерална партија – Бранко Мајсторовски, ДУИ – Али Ахмети, ДПА – Мендух Тачи, НДП и Беса – Билал Касами.

OhridNews
извор: „Макфакс“