Матурантите од гимназиско, средно уметничко и средно стручно образование со четиригодишно траење, од вчера можат да ги проверат резултатите од екстерните испити од државната матура, полагани во јунскиот испитен рок. Резултатите се веќе објавени на веб страницата www.matura.gov.mk, а денес и утре ќе бидат истакнати и на огласните тебли во средните училишта. Оние матуранти кои сметаат дека не се правилно вреднувани ќе имаат право на приговор.
За полагање државна матура беа пријавени 19.052 ученици во 97 јавни и седум приватни средни училишта. Задолжителниот дел на државната матура се спроведе на 9 јуни, а испитот по изборниот предмет беше на 12 јуни. Полагањето го следеа 230 набљудувачи и 2.000 тестатори. За подобро иниформирање на матурантите беше публикуван „Водич за државна матура“ на македонски, албански и турски јазик.
Со цел да биде загарантирана тајноста на испитите, годинава за првпат материјалите се дистрибуираа три часа пред полагањето.
На 15112025 во 17:10 часот во СВР Охрид било пријавено дека во атарот на охридското село Свињишта било пукано од огнено оружје, при што еден проектил завршил во влезна врата од куќа, сопственост на...
Во периодот од 11-17 ноември 2025 г во организација на Црвениот крст на Северна Македонија и Меѓународната Федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во Центарот за обука на Црвениот крст...
Пожарникарите од ТППЕ Охрид – Пожарна и ДПД Ентузијаст Охрид во соработка со претставници од покраината Тирол, Република Австрија, викендов реализираа успешна вежба во стариот дел на Охрид каде вла...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.