Огласот за изработка на Проекти за патишта и улици (со сообраќајно решение), за такси станици,автобуски станици, улична атмосферска канализација на територијата на Општина Охрид  кој се однесува на архитектонски услуги; инженерски услуги и интегрални инженерски услуги; услуги за просторно планирање и инженерски услуги за уредување на земјиштето; поврзани научни и технички советодавни услуги; услуги за технички испитувања и анализа е во тек.  Понудите треба да се достават најдоцна до 17.01.2011 година во 12:30 часот.

Вториот предмет на договор за јавна набавка се однесува на изведба на детски игралишта, а понудите треба да се достават најдоцна до 17.01.2011 година во 13:30 часот.

Објавен е и тендер и за набавка и вградување на градежен материјал со времетраење на договорот во период од 36 месеци. Понудите да се достават најдоцна до 23.02.2011 година во 13 часот.

Јавното отворање на понудите ќе се одржи на денот и во часот определен како краен рок за доставување на понудите.

Ohridnews