Во сите објекти на на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, од страна на непознати сторители, во текот на изминатиот период е забележано оштетувањето на детските паркови, градините, оградите, покривите, олуците и надворешните единици од клима уредите на објектите.

Исто така во неколку наврати било регистрирано и кршење на катинарите и оштетување на влезни врати и прозорци од објектите, а било забележано и шетање на домашни миленичиња во дворовите на градинките.

Бидејќи овие оштетувања може да имаат несогледливи последици по здравјето и безбедноста на децата, вчера во општина Охрид била одржана работна средба на претставници на ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“, на Секторот за образование при Локалната самоуправа и претставници на СВР- Охрид.

Целта на средбата била да се искоординираат следните мерки и чекори со цел да се заштити имотот и добрата во детските градинки.

OhridNews