Денеска ќе преовладува променливо облачно време, претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините на северозапад врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.
Максималната температура во Охрид ќе достигне 9 степени.
Во понеделник не очекува облачно и постудено време, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
Минималната температура во Охрид ќе се спушти до 3 степени, а Максималната ќе достигне 6 степени.
OhridNews













