Времето денеска ќе биде претежно облачно и постудено. Кон крајот на денот и во текот на ноќта со локален дожд, на планините снег. Ќе дува слаб до умерен, а претпладне долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во Охрид претежно облачно време. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 7 степени.
Според најавите од метеролозите, во следните денови ќе преовладува облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во понеделник. Дневната температура значително ќе се намали.
OhridNews











